Бизнис

Да има пет различни потрошувачки кошници, предлага Владата

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.

Најмалку 1.062 евра му требаат на просечно македонско семејство да го закрпи месецот. Минималната кошничка за јули 2025 година се искачи на 65.328 денари, и таа е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец.

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.

  • Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. Ова ќе биде мој предлог кој што сум го разговарал со академската фела и ова е предлог што сум го добил од таму и мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско – социјален совет. Да имаме неколку потрошувачки кошнички бидејќи потребите на еден пар пензионери не се исти како на еден млад брачен пар или пак тричлено и четиричлено семејство или, пак, на самец, рече премиерот Мицкоски.

Тој кажа дека е веќе завршен процесот на утврдување репрезентативност на синдикатите, пречка поради која не можеше да се одржи ниту седницата на која требаше да се разговара за барањето на синдикатот минимална тапата да биде 500 ерва. Премиерот очекува седницата на Економско – социјалниот совет да биде закажана во најскоро време.

Најнови вести од: Бизнис

Нема субвенции за сите земјоделци, се заоструваат правилата – Министерството го стега „каишот“

Земјоделците се загрижени по најавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека во новата програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка. Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците што реално придонесуваат за економијата и за развојот на руралните средини.

Колку македонскиот работник е продуктивен дома и во странство?!

Ќе ја подгрее ли инфлацијата саканата минималната плата од 600 евра?! Ќе има ли повисоки цени во маркетите?! Економистите велат, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но доколку не е покрепено со зголемана продуктивност, тоа не може да помине без ефекти во економијата.

(Фото): Македонското вино во трка за квалитет – индустрија под притисок од дома и од светот

Дополнителен предизвик е структурата на самиот извоз. Историски, значаен дел од македонското вино се пласира поевтино како рефус или во цистерни, во т.н. „bulk“ модел. Тоа обезбедува обем и полесен пласман, но нема препознатливост и повисока додадена вредност. Преминот кон извоз на флаширано, брендирано вино е процес што трае и не зависи само од желбата на производителите, туку и од инвестиции, маркетинг, конзистентен квалитет и јасна национална приказна. Без тоа, земјата останува „позадински“ снабдувач, додека брендовите и маржите се создаваат на други адреси.

Трајко Славески на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

Сме јаделе поскапа храна за 5%, скокнале и трошоците за вода и струја

Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети. Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.

To top