Македонија Бизнис

Се распишува тендер за трет мобилен оператор, кој ќе плати 8 милиони евра?!

Покрај ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, интерес за учество покажаа уште и Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и е& ппф Телеком Груп Б.В.

Унгарскиот 4ИГ или евентуално останатите конкуренти ќе треба да и платат најмалку 8 милиони евра на државата за да го добијат правото да бидат трет голем телекомуникациски оператор во земјата, а разгледувањето на понудите ќе трае во зависност од тоа колку учесници ќе се јават на тендерот на АЕК, пренесе Фактор. Агенцијата за електронски комуникации, откако владата претходно ја прифати нивната одлука, официјално го објави минималниот еднократен надоместок за трите фреквенциски опсези чија почетна вкупна сума ќе биде 8 милиони евра. Идниот оператор оваа сума ќе треба да ја уплати во Буџетот.

Минималниот еднократен надоместок за користење на фреквенциите 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz останува непроменет по одлуката на директорот на АЕК и ќе изнесува 4,2 милиони, 1,6 милиони и 2,32 милиони евра посебно.

АЕК пред празниците објави намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање на одобренија за користење на радиофреквенции на нов мрежен оператор. Намерата се објавува по барање на новорегистрираната ОНЕ МАКЕДОНИЈА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ, во сопственост на унгарската 4iG. Ако, освен Унгарците, наддава и друга фирма, цената може да се зголеми.

Од Регулаторот ни одговорија дека наскоро се очекува да биде распишан јавен тендер за јавно наддавање, откако оваа одлука стапи на сила, а процесот ќе трае во зависност од тоа колку заинтересирани страни ќе се јават.   Крајниот рок за доставување на понудите е 35 дена од денот на објавата, а јавното отворање на понудите ќе се одржи на 22 август во 10 часот во просториите на АЕК.

  • „За да се спроведе Јавниот тендер со јавно наддавање потребно е најнапред Одлуката за минималната висина на еднократниот надоместок да стапи на сила. Потоа Директорот на АЕК носи Одлука за објава на јавен тендер со јавно наддавање која исто така треба да се објави во Слузхбен весник. Од  нејзината објава сите заинтересирани страни ќе треба да подигнат Тендерска документација од АЕК во која ќе бидат пропишани условите за учество на јавниот тендер со јавно наддавање и ќе треба да поднесат официјални понуди во рок од 35 дена. Во зависност од тоа колку заинтересирани страни ќе се квалификуваат за јавниот тендер со јавно наддавање процесот продолзхува согласно Законот за електронски комуникации“, одговорија од АЕК.

Операторот што ќе добие лиценца ќе има обврска до крајот на 2026 година барем еден град да биде покриен со 5G сигнал. До крајот на 2028, главните транспортни коридори треба да имаат целосна 5G покриеност, а до 2030 година истото се очекува за сите градови во земјава. До крајот на 2032 година, секој граѓанин треба да има пристап до интернет со минимална брзина од 100 Mbps преку 5G.

Покрај ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, интерес за учество покажаа уште и Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и е& ппф Телеком Груп Б.В.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top