„Политичкото раководство на државата РСМ тврдоглаво оди против интересот на сопствените граѓани за побрза европска интеграција. Властите во Скопје всадуваат говор на омраза, покажуваат нетолеранција и ја користат историјата како алатка во меѓународните односи.“ – тврдеше денеска премиерот на Бугарија Радев. Тој „потсети“ дека „Бугарија инсистирала на вклучување на Бугарите во Уставот, токму за да ги заштити нивните права“. „Тогаш бев сам против сите. Успеав да ги убедам сите европски лидери да го сфатат проблемот со почитувањето на човековите права, за да можеме да го поставиме најферското нешто во преговарачката рамка – вклучување на Бугарите во Уставот и спроведување на Договорот за добрососедство, особено вториот протокол.“ – наведе тој.
Претседателот на бугарската влада изнесе дека „во последно време има колебање во ставовите кај некои европски лидери во врска со ова прашање“, а тоа го „забележал и на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора“. „Сега повторно мора да вложувам напори да ги убедам каде и како треба да се држи Европа, како сојуз кој теба да ги штити интересите на сите граѓани во тој сојуз. Има колебање во ставовите на редица европски лидери, што се случи во времето кога мене ме немаше во ЕУ. Некој не си ја завршил работата. Сега јас треба повторно да ги убедам лидерите на ЕУ дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора да се почитува. Тоа и ќе го направам.“ – рече Радев.

На прашањето „дали однесувањето на властите во Скопјe покажува желба за членство во ЕУ“, тој одговори: „Не. Политичкото раководство прави сè што е можно за да го одложи членството на нивната земја во Европската Унија.“ – рече Радев. Запрашан за коментар во врска со палењето на двата дипломатски автомобила пред бугарската амбасада во Скопје и дали има простор за средба со македонскиот премиер Христојан Мицкоски, Радев рече: „Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија Нема место за таква средба затоа што проблемот не е двостран. Мицкоски има проблем со Европската Унија и РСМ отсега па натаму ќе мора да ја убеди ЕУ дека дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија.“
Според неговото тврдење, наводно, „големиот проблем е тоа што ваквите инциденти не само што не се казнуваат од сегашното политичко раководство, туку се поттикнуваат и се користат во предизборни кампањи“. „Не може да има напредок додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото, сè додека нема последици за сторителите на вакви недостојни дела. Ние немаме што повеќе да си кажеме со премиерот на РСМ. Тој мора да им објасни на Европската Унија и на Европската Комисија како ќе ги исполнат конечно критериумите за членство.“ – рече Радев.