Македонија

ДУИ со тешка артилерија: Бујар Османи „ќе трча“ за Чаир

За екс-министерот за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања ова изгледа како намалување на употребната вредност, но всушност тој е фрлен во оваа битка за да се покаже доминацијата на ДУИ на локалните избори.

ДУИ и „Европскиот фронт“ се определија за најсилниот партиската номенклатура – Бујар Османи – да отидат во битка за освојување на скопската општина Чаир и да го детронизираат таму Изет Меџити и неговиот верен аѓутант, сегашниот градоначалник Висар Ганиу. За екс-министерот за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања ова изгледа како намалување на употребната вредност, но всушност тој е фрлен во оваа битка за да се покаже доминацијата на ДУИ на локалните избори.

Таква одлука донесе Централното претседателство на ДУИ на денешната седница. Покрај Османи, определен е и кандидат за градоначалник на Тетово, тоа е поранешниот пратеник Бајрам Реџепи. Тоа се клучните кандидати на ДУИ. Во рамките на „Европскиот фронт“ кандидати за градоначалници ќе имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија, предводено од Арбен Таравари.

Бујар Османи веднаш реагираше на Фејсбук:

„Ова не е политичка функција, ова е лична одговорност кон моите соседи, кон иднината на нашите деца. Сакам Чаир да биде дом во кој достоинството ќе биде секојдневие. На Чаир му се потребни вистински, длабоки и човечки промени. Како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан и нивните другарчиња“.

Има голема веројатност на ваквиот предизвик со тешка артилерија од страна на ДУИ слично ќе одговори и коалицијата „Вреди“. Вицепремиерот Изет Меџити вечерва во разговор за Канал 5 изјави дека не се исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Чаир по сите тешки обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска, дека Ганиу правел голем криминал со фалсификување документи за легализирање на дивоградби.

Во разговорот Меџити рече дека „очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција“.

Најнови вести од: Македонија

Нова шанса за Македонија: Маѓар и Туск предлагаат „Вишеградската група“ да се прошири со земјите од Западниот Балкан, кои не се уште дел на ЕУ!

Новиот премиер на Унгарија отвори идеја земјите од Вишеградската група да се прошират со државите од Западен Балкан. Заедно со премиерот на Полска тие најавија дека ќе дејствуваат како „една тупаница“ во Европската Унија. Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, од Варшава испрати порака дека е време повторно да оживее […]

Македонија добива 65,7 милиони евра од ЕУ за развој на државата

Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст. Тоа е највисок износ меѓу земјите од регионот во овој циклус на исплати. За споредба, за Албанија се одобрени 49 милиони евра, а за Црна Гора 44,2 милиони евра.

Македонија најнапредна во реформската агенда од сите во регионот, затоа ЕУ ѝ додели најмногу пари – 65,7 милиони евра!

Македонија доби најмногу пари од кандидатите за ЕУ. Европската комисија денес стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија, „Програмата за реформи и раст“. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на деловната конкурентност и иновациите во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Македонија. Со ова Европската комисија ја испрати една од најпозитивните пораки за Македонија во последните години, оценувајќи дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите поврзани со европскиот План за раст за Западен Балкан. Во документот објавен од Брисел, Македонија практично е издвоена како еден од најподготвените партнери во регионот кога станува збор за исполнување на реформските обврски и користење на европските фондови. Во време кога земјитe-кандидатки за влез во ЕУ се заложници на билатерални спорови, особено Македонија, Европската комисија индиректно порачува дека реформскиот капацитет на Македонија не е спорен.

(Видео): Како изгледаат половина милион евра кеш сокриени во комбе – ги најде кучето од Царина

Царинските службеници забележале преправки на возилото, по што е ангажирано царинско куче, кое сигнализирало можност за криумчарење токму на сомнителното место. Сомнежите дополнително се потврдени по скенирање на возилото од страна на Службата за мобилни скенери. По демонтажа на дел од конструкцијата, инспекторите откриле 500 000 евра во кеш, сокриени во специјален простор во возилото.

Устен демарш за албанскиот амбасадор во Македонија Мејдани, поради изјавите, кои претставуваат мешање во нејзините внатрешни работи

„Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.“ – објави „Плус инфо“.

Мицкоски: Протестирачите-идни правници, ги прекршија законите за знамиња, за државната химна, Уставот! Имаше и надворешни мешања во внатрешните работи на РМ!

Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека на протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, биле прекршувани закони и Уставот. „Поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право да се поддржат протести. Но, мене лично ми пречитоа што протестантите, коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму.“ – нагласи премиерот.

Вест важна за македонската евроинтеграција: Пет земји членки на ЕУ предлагаат „систематска“ постепена интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар!

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, потпишан од Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија, се наведува дека постепената интеграција по сектори, „како меѓучекор кон целосната европска интеграција“, треба да се спроведува кога кандидатот ќе покаже високо ниво на усогласеност со правните текови на ЕУ во релевантниот сектор и кредибилна примена на владеењето на правото. Документот предвидува и заштитни мерки во случај на назадување на земјата која добила пристап до пазарот.

Скандал: Мехмети ги повикува Албанците да не учат и да не зборуваат македонски, оти само тој „јазик“ ќе го разберат Македонците, кои не ја сакаат албаноговорна Македонија!

Писателот и публицист Ким Мехмети од Скопје се огласи преку медиумите со свој повик до Албанците од Македонија да не го учат и да не го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи, како што нагласува, „само тоа е ‘јазикот’ кој ќе го разберат сограѓаните Македонци, кои го сакаат само мртвиот Албанец и што не ја сакаат Македонија, која би зборувала и на албански“! Мехмети во оваа скандалозно писание изнесува и јавен предлог, или и повик, да се одело и „дури и чекор понатаму“, за создавање некакви паралелни албански институции, како што пишува, „каде што тие ќе доаѓаат со преведувачи на нивниот јазик, додека ние им ќе доаѓаме со преведувачи на нашиот јазик“!

Најнови вести

To top