Македонија

Муцунски: Доверливоста на ЕУ зависи од доследноста кон своите принципи и ветувања, а проширувањето мора да биде според заслуги и објективни критериуми

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Ирска, имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан. „Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската Унија зависи од нејзината способност да остане доследна на принципите и ветувањата врз кои е изградена“, објави Муцунски на Фејсбук.

Шефот на макеоднската дипломатија истакнал и дека е потребна нова политичка енергија во процесот на проширување.

„Во услови на засилени геополитички предизвици, Западниот Балкан не смее да остане на маргините, туку треба да биде составен дел од европската визија за безбедност, стабилност и просперитет. Во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ, ја поздравив континуираната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување и на европската перспектива на регионот. Европа останува наш стратешки избор, а полноправното членство во Унијата наша јасна и непроменета цел“, нагласил Муцунски во обраќањето на Институтот за меѓународни и европски работи IIEA во Даблин, одржано во рамки на неговата работна посета на Ирска.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top