Македонија

Колумнистка на Цивил прогласи 300 илјади Македонци за сељачка, зла и неписмена банда

Неверојатен говор на омраза кон гласачите на ВМРО-ДПМНЕ

Иако навидум текстот е насочен против политиките на СДСМ, колумната на авторката Јана Куновска на порталот Цивил медиа содржи грозоморни навреди кон дел од македонските граѓани, кои ги опишува како „300.000 сељачка, зла и неписмена банда“.

Од контекстот е јасно дека станува збор за 300 илјади гласачи на ВМРО-ДПМНЕ кое сега е на власт.

Критиката зошто СДСМ не им зборувал на граѓаните за придобивките од членството во ЕУ што ја дава Куновска, во еден момент прераснува во говор на омраза кон огромен дел од населението поради нивните политички убедувања и ставови кон ЕУ.

Навредите кон актуелната власт и кон Македонците се содржани во нејзината колумна, со наслов „Отидовте ли на одмор, СДСМ?“

Цивил Медиа се оградува од колумната со тврдење дека ставовите на авторот не се ставови на порталот.

Сопатвеник и уредник на Цивил медиа е Џабир Дерала кој е познат по тоа што учествуваше на митинг на СДСМ и како поддржувач на политики на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top