Македонија

Мицкоски: Развојот на Македонија не смее да зависи од политичките циклуси, треба со долгорочна визија да се создадат услови младите да останат тука!

Стратегијата, како што оцени премиерот Мицкоски, претставува еден од најважните стратешки документи за државата, бидејќи е создадена преку процес во кој биле вклучени експерти, институции, локалната самоуправа, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор. Македонија има потреба од институции кои ќе работат со јасна долгорочна визија и нема да носат одлуки водени само од дневно-политички интереси, порача премиерот на петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија 2024–2044.


Стратегијата, како што оцени премиерот, претставува еден од најважните стратешки документи за државата, бидејќи е создадена преку процес во кој биле вклучени експерти, институции, локалната самоуправа, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор.

„Со години бевме принудени да размислуваме краткорочно и да решаваме проблеми од ден за ден. Денес имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат според план и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси“, изјави Мицкоски.

Oцени дека Националниот совет за развој е важен механизам за усогласување на различни политики и креирање мерки што ќе имаат долгорочен ефект врз општеството.

Во процесот на подготовка и реализација на стратегијата, како што посочи премиерот, учествувале повеќе од 1.200 претставници од различни области, а дел од планираните активности веќе се спроведуваат.

Мицкоски нагласи дека резултатите нема да се оценуваат според бројот на донесени документи, туку според конкретните промени што ќе ги почувствуваат граѓаните – подобри услови за работа, повисоки приходи, поквалитетно образование, подобро здравство и поефикасни институции.

Посебен акцент стави на инвестициите, иновациите, дигитализацијата и развојот на човечкиот потенцијал, оценувајќи дека тие ќе бидат клучни за конкурентноста на државата во следните две децении.

Премиерот се осврна и на демографските предизвици, посочувајќи дека задржувањето на младите во земјата е еден од најважните приоритети.

„Нашата цел е да создадеме услови младите да останат тука, да создаваат семејства и да веруваат дека нивните деца ќе имаат подобра иднина. Демографијата не е само статистика, туку прашање на национална одржливост“, рече Мицкоски.

Додаде дека спроведувањето на Националната развојна стратегија ќе бара континуитет, политичка зрелост и посветеност кон реформите.

„Целта е во 2044 година да можеме да кажеме дека сме изградиле посилна, побогата, поправедна и поуспешна Македонија – држава на можности која не ја чека иднината, туку ја создава“, порача премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

Одземено „порше“ – приведен возач од Србија, кој управувал со 188 километри на час

Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, […]

To top