Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е една од водечките универзални банки во Република Македонија но очигледно таму имаат проблем со македонскиот јазик.
Оваа банка нуди широк спектар на финансиски услуги за физички и правни лица, поддржана од моќната австриска групација Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе.
За жал во делот на маркетингот работите не им цветаат па дозволиле на билборд за поволни камати за штедење да објават реклама на која се крши македонскиот јазик а притоа зборот кој не смеел да се дели е поделен во две бои.
За сомнителниот дизајн на рекламата не коментираме но во банката мора да знаат дека ,,највисока” дури и кога се работи за камата во македонскиот јазик е еден а не два збора.
Придавката ,,највисока” е суперлатив од висок.
Замислете во австриска реклама на билборд да стои дека каматата е ,,höch” ,,ste”.