Бизнис

Diamond Mall одбележува три години со нови содржини, брендови и иницијативи за заедницата

Централниот дел од роденденската програма ќе биде големиот музички настан со настапи на Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележува својот трет роденден со голема прослава за посетителите, нови содржини и иницијативи за заедницата, како и со продолжување на развојот на својата понуда со нови брендови и концепти.

Централниот дел од роденденската програма ќе биде големиот музички настан со настапи на Петар Грашо и Јелена Розга. Прославата е замислена како спој на музика, забава и дружење, во духот на концептот што Diamond Mall го развива од своето отворање – да биде повеќе од место за купување и да создава различни искуства за посетителите.

„Кога пред три години го отворивме Diamond Mall, нашата амбиција беше да создадеме многу повеќе од трговски центар. Сакавме ова да биде место кое ќе живее со градот и со луѓето – место за средби, нови искуства, добра храна, забава и време поминато заедно. Денес, по три години, продолжуваме да се развиваме токму во таа насока, следејќи ги навиките и очекувањата на нашите посетители“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Лимак Скопје.

Третиот роденден Diamond Mall го одбележува и со нова општествено одговорна иницијатива – Diamond HUB – Центар за економско зајакнување на жените. Програмата е насочена кон жени кои сакаат да стекнат практични знаења и вештини, да добијат менторство и поддршка и да направат конкретен чекор кон поголема економска независност и професионален развој.

„За нас, третиот роденден не е само повод за прослава, туку и можност да создадеме нешто што ќе има подолгорочна вредност. Посебно сме горди што токму во овој период го започнавме Diamond HUB, затоа што веруваме дека улогата на еден голем деловен субјект не завршува само со она што го нуди на своите посетители, туку и со придонесот што го дава кон заедницата“, додаде Октај.

Паралелно со развојот на нови иницијативи, Diamond Mall продолжува да ја проширува и својата комерцијална и забавна понуда. Во изминатиот период во молот се приклучија повеќе нови брендови и концепти, меѓу кои Funky Buddha, N Selection, Jack & Jones, Palma d’Oro, Popeyes, Nine West, Fayda Home, Dust and Cream, Mr. Blade, Soju Bar, Athletic Fitness, City Wash.  Развојот продолжува и во следниот период, со отворање на Jasmin, Beo Sport, BS Fashion, Lush, Da Cristo – premium deli shop и Quick & Fresh Service.

Новите брендови се дел од пошироката насока во која се развива Diamond Mall – како простор што на едно место ги поврзува шопингот, гастрономијата, забавата и различните содржини за целото семејство. Значаен дел од ова искуство се Gourmet Avenue, Dream Zone, семејните и детските содржини, фитнесот, забавата и настаните, со што Diamond Mall продолжува да го проширува својот концепт надвор од класичниот модел на трговски центар.

Со роденденската прослава, новите иницијативи и натамошното проширување на понудата, Diamond Mall влегува во четвртата година со амбиција да продолжи да создава нови искуства за посетителите и дополнителна вредност за заедницата.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

ЕВН вработува инженери, огласот е отворен до 23 ноември

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно електротехничко образование – IV степен, насока енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и познавање компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

MTEL им подарува SkyShowtime на корисниците – повеќе филмови, серии и забава

Од 16 ноември, корисниците што ќе склучат договор за mSAT, MOVE, mBOX или mCONNECT ќе добијат ваучер за пристап до SkyShowtime Standard пакетот без дополнителен надомест во текот на промотивниот период. Така ќе можат да уживаат во широк избор меѓународни филмови и ТВ содржини.

To top