Македонија

Др. Кирјас: Засрами се Европа

Не третирајте не како стока, бара познатата македонска лекарка од ЕУ

Професорката Маја Кирјас со јавна порака до одговрните во седиштето на Европската Унија и во главните градови на ЕУ со крик: Засрами се Европа!

Лекарката која важи за поддржувач на членството на Македонија во ЕУ порачува дека унијата со години зборуват за човекови права, права на жените, мажите, децата, животните, за достоинство и еднаквост а во меѓувреме ги заборава најосновните човекови права.

,,Создадовте систем во кој постојат граѓани од прв и втор ред – ЕУ и не-ЕУ. А што се луѓето од не-ЕУ земјите? Луѓе со помала вредност? Без достоинство? Без право на почит?

На границите со часови, па и денови, чекаат мајки со бебиња, стари лица, деца и домашни миленици, изложени на жештини, замор и понижување, само затоа што се родени од „другата страна“ на линијата.

Помагате бегалци и тоа е човечки. Но како можете истовремено да ги третирате соседите и граѓаните на не-ЕУ земјите како товар, како бројка, како стока”, прашува Кирјас.

Кирјас бара човековото достоинство да не зависи од тоа каков пасош носите.

,,Или човековите права важат за сите, или не важат за никого”, бара Кирјас.

Фото: Принт скрин ФБ Маја Кирјас

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top