Македонија

Кој вели дека има малку Албанци во државните институции

Од институциите на државно ниво, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, од речиси 40 отсто, има кај Народниот правобранител

 

На ниво на министерствата, 66,35 отсто од вработените се Македонци, 26,03 отсто Албанци, а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од три отсто, покажуваат новите податоци од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2025 година.

Од институциите на државно ниво, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, од речиси 40 отсто, има кај Народниот правобранител. Најниска, од 12,73 отсто, има кај Претседателот на државата, пишува Порталб.

Во 2025 година во јавниот сектор во државата работеле 129.793 лица и, во споредба со состојбата во 2024 година, бројот е зголемен за 2.471 лице. Иако бројот на вработени според етничка припадност се зголемува и кај Македонците и кај Албанците, нивниот процентуален удел е помал во однос на 2024 година, поради квантитативниот пораст на вработените во јавниот сектор.

На ниво на целиот јавен сектор во државата, според етничката структура, 72,37 отсто од вработените се етнички Македонци, додека 21,70 отсто се етнички Албанци.

  • Македонска – 80.250 (72,37%)
  • Албанска – 24.064 (21,70%)
  • Турска – 2.283 (2,06%)
  • Ромска – 1.285 (1,16%)
  • Српска – 1.060 (0,96%)
  • Други – 943 (0,85%)
  • Бошњачка – 544 (0,49%)
  • Влашка – 456 (0,41%)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави македонскиот премиер

To top