Свет

Да немавме проектили, ќе не’ срамнеа со земја како Газа

„Никогаш, под никакви околности, нема да преговараме со никого за нашите одбранбени способности“, вели иранскиот претседател

 

Ииранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека неговата земја ќе заврши „како Газа“ без нејзините проектили, велејќи дека балистичката програма на Иран не е предмет на преговори.

„Да не беа ракетите што ги имаме за нашата одбрана, Израел и САД ќе го срамнеа со земја Иран исто како Газа, не покажувајќи милост кон старите или младите“, рече тој за време на посетата на Пакистан, кој има важна посредничка улога во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за траен крај на војната на Блискиот Исток.

„Никогаш, под никакви околности, нема да преговараме со никого за нашите одбранбени способности“, додаде тој.

Пред избувнувањето на војната, Соединетите Држави се обидоа да го вклучат прашањето за балистичките ракети, како и поддршката што Техеран им ја дава на вооружените сојузнички групи во регионот во преговорите за иранската нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови остави впечаток дека го омекнал својот став за иранското ракетно прашање.

„Велам дека е малку неправедно што ги немаат, ако ги имаат другите земји“, рече тој минатата недела на самитот на Г7 во Франција.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top