Македонија

Бугарски националисти поставија во Баница спомен-плоча на идеологот на македонската револуција Гоце Делчев со ознака „Бугарски револуционер“!

Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како „бугарски револуционер“. Грчките власти не биле известени, ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата. Бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција.

На мермерната плоча, поставена на остатоците од старата камбанарија во напуштеното село, каде македонскиот војвода загина на 4 мај 1903 година во судир со османлиската војска, Делчев е опишан како „бугарски револуционер“. „Бугарски револуционер и војвода, питомец на Военото училиште во Софија, живеел и се борел за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско. Вечно сеќавање“ – пишува на плочата.



Грчките медиуми објавуваат дека локалните власти не биле претходно информирани за поставувањето, ниту пак издале официјално одобрение. Засега нема официјален став од Министерството за надворешни работи на Грција. Во 2022 година, тогашниот претседател на Бугарија, а сега премиер, Румен Радев јавно изрази поддршка на иницијативата за поставување спомен-обележје во Баница. Тогаш грчката страна посочи дека можното барање ќе биде разгледано во редовна институционална процедура.

Една од најжешките теми на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања е токму Гоце Делчев, за кој бугарските историчари упорно тврдат дека бил „бугарски револуционер“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

To top