Македонија Бизнис

Државните електрани, домаќински, уште сега купуваат струја за ноември и декември

За прв пат во историјата АД ЕСМ за потребите на потрошувачката на електрична енергија во земјата уште во јули ќе купува електрична енергија за ноември и декември. Објавен е повик за купување на големо количество на електрична енергија од 1 ноември до 31 декември.

За прв пат во историјата АД ЕСМ за потребите на потрошувачката на електрична енергија во земјата уште во јули ќе купува електрична енергија за ноември и декември. Објавен е повик за купување на големо количество на електрична енергија од вкупно 132.000 мегаватчасови од 1 ноември до 31 декември.

Снабдувачите и трговците своите понуди ќе треба да ги достават најдоцна до утре, а електричната енергија ќе се купува во десет периоди во текот на овие два месеци. Ова досега во пракса никогаш не се случило – да се планира долгорочно купување на најчесто увозна струја од отворениот пазар. Секогаш се купувало преку повици на краток рок или по актуелните цени од берзата ден-однапред.

Останува да се види дали е некоја корпоративна одлука со која на овој начин би се обезбедила поевтина цена за периодот на грејната сезона. По денешната цена од 104 евра на HUPX берзата, ова количество што го бара ЕСМ би се купило за околу 13,7 милиони евра. Веќе подолг период производството на државното електростопанство не може да ги задоволи потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата, па за да обезбеди социјален мир, купува или увозна или електрична енергија од берзата, но и увозен јаглен.

ЕСМ првиот квартал од 2025 година го заврши со загуба од 45 милиони евра, според евиденцијата на Министерството за финансии.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

To top