Македонија

Мицкоски: Очекувам да бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски смета дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, со што Република Македонија ќе биде прворангирана на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште пари за македонската држава.

-Апсолутно, да не речам дека сум сигурен дека тука веќе ќе влеземе како првопласирани. Има последни нивелирања на одредени законски решенија и индикатори кои денеска на онлајн владина седница после овие пратенички прашања ги завршуваме. Утре вие имате седница на Парламентот и цениме дека на тој начин ќе имаме меко приземјување со овој јунски циклус. Веќе следната недела имаме брифинг со евроамбасадорите во државата. Морам да се заблагодарам на сите институции и колеги од Владата кои и во неработни денови и празници работевме, да се заблагодарам на господинот Копан од ЕК со неговиот тим којшто често пати беше со нас во овие процеси, на пратениците кои не следат континуирано – рече Мицкоски денеска во Собранието, одговарајќи на прашање од пратеникот Пеце Милевски.

Мицкоски изрази надеж дека денеска ќе се надминат сите предизвици и дека Изборниот законик ќе се најде на утрешната седница овде во Парламентот бидејќи тој чекор е важен и треба да се заврши. Ги замоли пратеничките групи за конструктивност за да може утре Изборниот законик, со прифатени забелешки на ОБСЕ/ОДИХР да се гласа во Собранието. Тој информираше дека три држави од шесте во групата Западен Балкан немаат искористено средства од реформската агенда. – Дел од тие средства остануваат во еден пул и останатите држави ќе ги користат. Неофицијално информирани сме дека ќе имаме зголемување на тој буџет поради испораката што ја правиме со реформите, но тоа би требало конечно како одлука да се донесе на почетокот на јули месец – рече премиерот додавајќи дека тоа е уште едно признание за напорите на Владата во делот за испораката за реформската агенда.

Мицкоски вели дека на тој начин ќе се обезбедат дополнителни  пари  и за ликвидност на Буџетот и за исполнување на програмите. -Тие пари,  кои се определени со реформската агенда, во нашиот случај 750 милиони евра, тоа не се средства што некој ги има во џеб и на нас, како испорачуваме, ни ги дава. Туку тие се поделени отприлика на три дела, една третина е буџетска поддршка, една третина се грантови за проекти и една третина се меки кредити кои би почнале да се исплаќаат од 2032 година – кажа Мицкоски.

Зборувајќи за почетокот на преговорите во контекст на уставните измени и човековите права, за што, како што кажа цел ден слуша, праша кои се политичарите да ценат за почитување на нечии човекови права, и потенцира дека постои институција што дава суд дали човековите права се нарушени или не се нарушени, а тоа е Судот за човекови права во Стразбур.

– Трето, тој суд во Стразбур во изминативе неколку години донел повеќе од 14-тина пресуди во којшто вели дека човековите права на македонската заедница во Бугарија се нарушени и „нула“ за бугарската заедница кај нас. Тогаш, четврто, логично се поставува прашањето за кои човекови права зборуваме? Ние мора да правиме компаративна анализа, да правиме аргументи, ние не можеме на чувства да зборуваме и да ги политизираме темите. Затоа секогаш кога некој ќе праша и ќе ја постави темата дека уставните измени практично се дел од кластерот за човекови права тогаш тој најверојатно не ги познава работите или се обидува да го политизира тоа прашање – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

To top