Македонија

Анализи во Бугарија дека „патот на Македонија е под знак прашалник“, ако нема „напредок во работата на историската комисија“ и „исполнување на обврските“!

Историските спорови остануваат најсилната алатка на Бугарија за притисок врз Македонија. Бугарските анализи „предупредуваат дека без напредок во работата на Заедничката историска комисија и исполнување на договорените обврски, европската перспектива на Македонија ќе остане под силен политички притисок“.

И покрај бројните политички иницијативи и дипломатски обиди за приближување на позициите, прашањата поврзани со историјата и идентитетот продолжуваат да бидат едно од главните жаришта во односите меѓу Скопје и Софија. Според оценките на политиколозите, токму овие теми остануваат во центарот на бугарските медиумски и политички дебати кога станува збор за европската перспектива на Македонија.

Во бугарскиот јавен простор сè почесто се пласира тезата дека Заедничката историска комисија се наоѓа во сериозен застој и дека во актуелните политички околности тешко може да се очекуваат позначајни резултати од нејзината работа. Ваквите оценки се поврзуваат со разликите во пристапот на двете држави кон улогата на историските прашања во процесот на европска интеграција.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top