Македонија

Костовски до Ахмети: Бутел не е на продажба

Градоначалникот реагира за повикот од лидерот на ДУИ за обединување на Албанците во скопската општина

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, јавно му се обрати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагирајќи на повикот на првиот интегративец за обединување на Албанците во општината.
„Бил Али Ахмети во Бутел и на јавен говор ги повикал Албанците во општина Бутел да се обединат. Но, за што?
Ако Ахмети бара обединување, тоа, според мене, пред сè е заради криминал, поточно за негово лично богатење и за богатењето на неколкумина негови послушници. Тоа е првото.
Второ, за градење згради и создавање урбан хаос, кој нему лично и на неколкумина други им носи финансиски бенефит. Секоја чистинка во Бутел, секој парк, тие го гледаат како место за облакодер и бетонски хаос.
Додека Ахмети и ДУИ имаа можност да им помогнат на Албанците во Бутел, додека беа на власт, не најдоа начин ниту да обезбедат чиста вода за пиење за жителите на Љуботен, ниту нова градинка во Бутел 2. Денес тоа е веќе завршена работа, но не благодарение на него.
ДУИ 2017-2021 имаше и заменик градоначалник на општина Бутел, а богами и “градоначалник” тој период ќе остане како најтемен во историјата на оваа убава општина. За среќа еден куп планови од тој период целосно ги поништив.
Ете, кога тој сè почесто индиректно ми се обраќа, јас ќе му се обратам директно: Јас работам на соживот, сакам мир и работам на тоа преку проекти и конкретни резултати, а не со голи говори прикладни за 19 век.
Тоа што навеќе ве боли е дека Бутел не е на продажба, за тие ваши обиди во некоја друга прилика.
Заедно со граѓаните остануваме цврсто да го штитиме Бутел од хаос, од бандити, криминалци и урбана мафија.
Општина Бутел секој ден станува сè поубаво место за живеење. Тие што не ѝ мислат добро на општината уште долго ќе гледаат од трибините, ќе навиваат, ќе свират, ќе навредуваат, но нема да играат. Така сакаат граѓаните, со доминантно мнозинство.
„Граѓаните не сакаат поделби и празни ветувања. Сакаат улици, паркови, градинки, училишта, спортски центри, чиста вода, безбедност и ред. Токму тоа е мојот фокус и така ќе продолжам да работам за секој жител на Бутел, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.“
Морам да истакнам дека во таа борба покрај граѓаните со мене е владата, со целосниот свој капацитет. Секако лично е тука и претседателот Христијан Мицкоски, лично“, порача Костовски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top