Македонија

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик, покрај грчки и англиски јазик!

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“. –  Општина Касандра ги известува граѓаните и посетителите дека чадори, лежалки или друга придружна опрема кои се поставени или заклучени на јавен простор на крајбрежје – плажа без законско право, го ограничуваат слободното користење на просторот од страна на јавноста. Согласно одредбите од Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите, сопствениците се повикуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето, да ги отстранат предметите, соопштија од општината.


Објаснија дека по истекот на наведениот рок, Општина Касандра може да пристапи кон отстранување и собирање на предметите, со цел повторно воспоставување на слободното користење на јавниот простор, без дополнително известување. – Предметите што ќе бидат отстранети ќе се сметаат за напуштени на јавен простор и ќе се третираат како отпад, согласно важечкото законодавство и правилникот за чистота на Општината. Истите нема да се чуваат и нема да бидат вратени на нивните сопственици, појаснија од општината во нивното известување на македонски јазик.

Минатата година, во текот на летната сезона, општина Касандра спроведе неколку најавени, но и ненајавени акции на различни локации на првиот крак на Халкидики за отстранувањето на нелегално поставените чадори, столици, лежалки и слична опрема на плажите со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

(Фото+Видео): Ужасот над Зелениково, ноќеска од пожар спасени куќи, рече Ангелов

Околу 2 часот по полноќ пожарот над Зелениково веќе не бил далечна црвена линија на ридот. Огнот се приближувал кон последниот ред куќи, а една вознемирена жителка побарала помош од директорот на ДЗС. Во такви минути нема простор за административно префрлање од телефон на телефон – или некој реагира веднаш или растојанието меѓу пламенот и домот станува опасно кратко.

To top