Македонија

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

„Одлуката за менување на имињата на улиците во Тетово од 2007 година е донесена само од страна на советниците. Процедурата не е запазена, односно не е испочитуван законот кој вели дека за таа листа на имиња што се предлагаат и ќе се гласаат, треба да има одобрение од страна на Владата. Во тоа време листата не е одобрена од Владата и така, на ноншаланнтен начин, ги менувале имињата на улиците, меѓутоа де факто и де јуре процедурата не била испочитувана. Денес, по речиси 20 години, се соочуваме со ситуација во која Уставен суд носи одлука спротивна на таа што е донесена од 2007 година. Сега веќе градот Тетово има почнато нова процедура за менување на имињата, според прописи и закони што се актуелни и во сила. И тоа менување ќе биде во интерес и на граѓаните и за почитување на благосостојбата во Тетово и другите градови. Постапката ќе биде запазена“, потенцираше Сали пред настанот, со кој Вреди одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција.

Вицепремиерот обвини дека досегашното владеење на ДУИ во локалната и централната власт се засновало на импровизации и политички договори, наместо на реални правни регулативи.

„Се што тие импровизирале во нивниот период на владеење, денес е дел од проблемите со кои се соочуваме и кои ние ги решаваме еден по еден – правосудниот испит, имињата на улиците во Тетово. Тоа покажува дека пристапот на владеењето на ДУИ во локалната и централната власт било импровизација и политички договор, не биле одлуки донесени врз основа на закон и почитување на сите правни регулативи што владеат во државата. Тоа покажува колку несериозно се однесувале кон институциите со кои управувале, да не го спомнам долгот што го наследи градоначалникот на Тетово во износ од 24 милиони евра. Значи, и правниот дел и финансискиот дел тамy беше на штета на граѓаните на Тетово и сметам дека со промената на локалната власт и со централната власт покажуваме сериозност во правното и финснсикото управување со градот Тетово. Разликата е огромна, ќе слушнете денес на на презентацијата која што ја имаме пред вас“, нагласи тој.

Во однос на шпекулациите за можни избори за Советот на Општина Тетово, Сали нагласи дека партијата нема страв од соочување, но смета дека приоритетите на граѓаните во моментов се поинакви. „Ние не бегаме од никаков вид избори, зашто сметаме дека ги добиваме изборите. Сме покажале на последните локални избори дека имаме капацитет да ги добиеме локалните избори, било да се од листа на советници или градоначалнички. Меѓутоа, не сметаме дека на граѓаните им требаат избори, зашто тоа носи други околности во развивањето на градот“, укажа Сали.

Сали додаде и дека анкетите кои покажуваат предност на ДУИ се нарачани, посочувајќи дека сработеното од страна на Вреди во изминатите 24 месеци јасно ја покажува разликата со нивните претходници.

Најнови вести од: Македонија

Ѓероски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top