Свет

Каја Калас: Сите опции се на маса доколку Израел…

„Убиството на цивили кои бараат помош во Газа е неоправдано“, порача на социјалната мрежа X, шефицата на дипломатијата на ЕУ

 

 

Сите опции се на маса доколку Израел не ги исполни своите ветувања за олеснување на хуманитарната помош во Газа, го пренесува предупредувањето на Калас, агенцијата Ројтерс..

Таа разговараше со израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, и јасно стави до знаење дека израелските сили „мора да престанат да убиваат луѓе на местата за дистрибуција“.

Порано овој месец, Калас рече дека Израел се согласил да го прошири хуманитарниот пристап до Газа, вклучително и со зголемување на бројот на камиони за помош, премини и рути до дистрибутивните центри.

„Сите опции остануваат на маса ако Израел не ги исполни своите ветувања“, рече Калас.

Во понеделник, 25 западни земји го повикаа Израел веднаш да ја прекине војната во Газа и го критикуваа она што го опишаа како „нехумано убивање“ на Палестинците, велејќи дека е „ужасно“ што повеќе од 800 цивили се убиени додека бараат помош.

Министерството за надворешни работи на Израел ја нарече изјавата од понеделник „далечна од реалноста“ и дека таа ќе испрати погрешна порака до Хамас.

Здравствените власти во Газа велат дека повеќе од 59.000 Палестинци починале за време на 21-месечниот конфликт во Газа.

 

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top