Спорт

Ивановски го „среди“ првиот носител на Македонија опен

Тенискиот репрезентативец на Македонија славеше во два сета над Русинот Чепелев на стартот од турнирот во Скопје

Импресивното враќање од долгата пауза поради повредата и операцијата Калин Ивановски го зачини со елиминација на првиот фаворит на тенискиот турнир Македонија опен во Скопје, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 30.000 американски долари.

Ивановски, кој неделава е 1148. на АТП-листата во сингл, славеше по голема борба од 2:02 часа против Андреј Чепелев (360.) од Русија со 6-4, 6-2.

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија направи брејк во третиот гем од првиот сет и ја одржа предноста до крајот, а во вториот поведе со 4-0 и рутински го приведе мечот кон крајот.

Финалистот на минатонеделниот турнир од ист ранг М25 во Загреб во второто коло ќе игра со подобриот меѓу Саша Марковиќ (2192.) од Србија и Лајам Деликата (1687.) од Малта.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top