Македонија

Кој тоа таму сака да пали!?

Пронајдени триесетина автомобилски гуми, картон и гранки на врв на планина

Под Царев Врв на Осоговските Планини вера бил спречен обид за подметнување шумски пожар, соопшти Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов

На надморска височина од 2 000 метри, шумочуварите на „Национални шуми“ од подружницата Осогово од Крива Паланка, во месноста Алтан Врв, нашле повеќе од 30 автомобилски гуми нафрлани на куп, картони, внатрешни гуми и суви борови стебла и гранки подготвени за палење.

Доколку палењето не било спречено, како што вели Ангелов, пожарот би се проширил во блиската шума.

„Голема благодарност до шумочуварската служба на ‘Национални шуми’. Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикување пожар надвор од населено место како што се гуми, штици, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или друга безбедносна служба“информираше Ангелов.

https://expres.mk/makedonija/poedinci-podmetnale-golem-pozhar-na-zheden-kaj-zhelino-tetovsko-so-zapaleni-gumi-pushtajkji-gi-da-se-trkalaat-niz-planinata/

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top