Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев бегаат од гласот на дијаспората

Истите тие кои со своите погрешни политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат токму тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право

Лидерите на СДСМ и на Левица, се обединија против новиот Изборен законик, бегаат од гласот на дијаспората а се грижат само за повеќе пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Паднаа маските за коалицијата на Венко Заев и Апасиев. Со над 10 илјади амандмани, СДС и Левица свесно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, закон на кој со месеци работеа политичките партии со цел да се постигне широк консензус.

На Венко Заев и СДС не им одговара македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат. Причината е едноставна, затоа што Венко и СДС знаат дека ја изгубија довербата кај Македонците, и дома и надвор од државата. Затоа прават се за да го ограничат нивното демократско право на глас.

Истите тие кои со своите погрешни политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат токму тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право. Тоа е вистинското лице на СДС.

Апасиев и Левица уште еднаш покажаа дека нивниот единствен интерес не се граѓаните, туку парите. Иако сите нивни барања во преговорите беа прифатени, а се однесуваа на поголемо финансирање на политичките партии и изборните кампањи, денес тие го блокираат истиот закон што го договараа.

Очигледно е дека кога се во прашање личните и партиските интереси, СДС и Левица функционираат како едно. Заеднички поднесуваат илјадници амандмани, ја кочат реформата и создаваат политички хаос, само затоа што знаат дека ги очекува убедлив пораз на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од реформите. Ги повикуваме СДС и Левица да престанат со опструкциите, да ги повлечат бесмислените амандмани и да овозможат носење на Изборниот законик кој ќе обезбеди фер, модерни и поефикасни избори, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора.

Граѓаните заслужуваат функционален изборен систем, а не политички блокади создадени од партии кои стравуваат од волјата на народот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top