Свет

Постара жена сакала со бомба да го убие Нетанјаху

Планирала напад со импровизирана експлозивна направа

Една постара жена од централен Израел наводно била уапсена од Шин Бет (Израелска безбедносна агенција) под сомнение дека ќе се обиде да го убие премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денеска израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, пренесува Јерусалим пост

Жената е осомничена за планирање напад врз животот на премиерот со импровизирана експлозивна направа.

Таа била уапсена пред две недели, но била ослободена под услов да ѝ биде забранет пристап до сите владини институции и да му се приближува на премиерот.

Во четврток ќе биде поднесено обвинение против неа за заговор за извршување кривично дело и заговор за извршување терористички чин, објави КАН.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top