Македонија

Ангелов: Три нови ер-трактори и двајца пилоти

Пилотите ќе бидат примени веднаш штом Министерството за финансии ќе ни даде согласност

 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во синоќешното интервју во „Топ тема“ на ТелмаТВ , најави дека договорил прием на уште двајца пилоти кои се неопходни за авионите за гасење пожар.

Како што рече, тие ќе бидат примени веднаш штом Министерството за финансии ќе ни даде согласност.

„Го чекам ребалансот на буџетот, бидејќи на брзаме. Пилотите што ќе ги примам, ќе бидат пратени на обука во октомври – ноември. Едниот е помлад и понеискусен, а другиот е класа пилот кој што има многу налет со авиони, но и со хеликоптери. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите пилоти кои што имаат над 400 часови на лет, со било кој тип на авион, да дојдат, да поразговараме“,соопшти Ангелов.

Тој рече дека негова цел била набавка на уште три „Ер трактори“, меѓу кои и еден двосед, за како што вели, да можат самостојно да ја работат обуката.

„Со приемот во работен однос на пензионираниот полковник Малезански, но и ангажманот на Васко Михалчов, кој што е еден од пензионираните херои пилоти, ние имаме добра основа и самите да вршиме обука во наредниот период, бидејќи и двајцата се извонредни структури, а Малезански дури и пробен пилот, нешто што е врв во авијацијата“, рече Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top