Македонија

Силјановска-Давкова на средба со македонската заедница во Турција

Акцент на зачувување и промоција на македонскиот јазик

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на посетата на Турција, вчера во Амбасадата на Македонија во Анкара се сретна со претставници на македонската заедница во Турција.

На средбата присуствувале универзитетски професори, лекари, научници и други истакнати професионалци со македонско потекло, кои, и покрај успешните кариери во Турција, останале силно поврзани со своите македонски корени.

Претседателката ја поздрави иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Универзитетот во Анкара, за нејзино целосно етаблирање и отворање Лекторат по македонски јазик.

„Во земја каде што живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде простор за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик“, истакна Силјановска-Давкова.

Таа нагласи дека отворањето лекторат во Турција претставува природен и стратешки чекор за промоција и зачувување на македонскиот јазик.

Претседателката денеска и утре во Анкара ќе учествува на 36. Самит на НАТО. Во македонската делегација, покрај неа, се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Предвидени се и повеќе билатерални средби.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top