Македонија

Водич за почетници: Како да започнете со инвестирање во Биткоин и криптовалути

Влегувањето во крипто светот бара време, трпение и едукација

Инвестирањето во Биткоин и други криптовалути може да биде паметен начин за диверзификација на вашето портфолио, но не е без ризик. За да донесувате информирани одлуки, важно е почетниците да ги разберат основите на крипто пазарот, разликата помеѓу инвестирање и тргување, и како да направат соодветна анализа.

Биткоин или алткоини?

Биткоин (BTC) е најпознатата и најшироко користена криптовалута и често првиот избор за нови инвеститори. Сепак, постојат илјадници алтернативни криптовалути (алткоини), многу од нив со уникатни карактеристики или примени. Некои, како BNB, имаат сопствен блокчејн, додека други се изградени врз постоечки мрежи, како Ethereum.

Инвестирањето само во Биткоин може да делува побезбедно, но диверзификацијата со алткоини може да го намали ризикот доколку едно средство не го испорачува очекуваното. Сепак, некои алткоини носат поголем ризик, вклучувајќи и можност за измами. Затоа, секогаш направете свое истражување пред да инвестирате во помалку познати проекти.

Тргување или инвестирање?

Важно е да се прави разлика помеѓу тргување и инвестирање:

Инвестирањето вклучува купување и долгорочно чување средства. Тоа бара помалку време и е подобро прилагодено за почетници. Долгорочните инвеститори се фокусираат на вкупната сила и на потенцијалот на проектот.

Тргувањето е насочено кон краткорочна до среднорочна добивка преку чести купувања и продажби. Трговците треба да имаат технички вештини, време за анализа на пазарот и разбирање на волатилноста и трговските такси. Крипто пазарите се високо волатилни иако трговците можат да профитираат од ценовни осцилации, тие исто така се изложени на поголем ризик.

Некои ги комбинираат и двете стратегии, но важно е пристапот да се усогласи со личната толеранција на ризик и финансиските цели.

Анализа: Фундаментална vs. Техничка

Фундаменталната анализа (FA) се фокусира на самиот проект – неговиот тим, план за иднината на проектот и практичната примена. Таа е идеална за долгорочни инвеститори.

Техничката анализа (TA) ги проучува ценовните графици и историските податоци за да предвиди идни движења на цената. TA користи алатки како што се candlestick patterns(графички приказ на ценовни движења во одреден временски период), moving averages (просечната цена во одреден временски период) и trend lines (графички приказ на долгорочниот правец на движењето на цената)често користени од трговци.

Двете форми на анализа можат да ви помогнат да одлучите што да купите и кога, во зависност од вашата стратегија.

Купување крипто на Binance

Можете лесно да купите Биткоин и алткоини преку Binance, следејќи ги следните чекори:

Креирајте и верификувајте Binance профил.
Користете кредитна/дебитна картичка или банкарски трансфер за да додадете средства.
Изберете криптовалута (на пр. BTC, ETH, BNB), начин на плаќање и потврдете ја трансакцијата.

Или, пак, можете да користите Binance P2P – платформа за тргување меѓу двајца корисници каде што можете да изберете од над 700 начини на плаќање и валути. За поголема практичност, пробајте ја функцијата Express Mode, која автоматски ве поврзува со проверени продавачи.

Исто така важно е да се знае дека не мора да купите цел Биткоин. Многу почетници мислат дека мора да купат 1 BTC за да започнат но тоа е честа заблуда. На Binance, можете да започнете со само 10 долари и да купите дел од Биткоин или некоја друга криптовалута. Ова го прави инвестирањето во крипто достапно за секого.

Што да направите по купувањето

Откако ќе купите криптовалута, можете да:

Ја чувате во вашата Binance сметка или да ја префрлите во надворешен крипто паричник.
Користите Binance Earn за да остварувате пасивен приход додека ги чувате средствата.
Тргувате или продавате кога пазарот се движи во ваша корист.

Заклучок

Влегувањето во крипто светот бара време, трпение и едукација. Без разлика дали држите долгорочно или тргувате краткорочно, знаењето го намалува ризикот и ја зголемува самодовербата. Никогаш не инвестирајте повеќе отколку што можете да си дозволите да изгубите и секогаш продолжете да учите.

За повеќе информации, посетете ја Binance Academy или прочитајте го The Beginner’s Guide to Crypto Trading.

Најнови вести од: Македонија

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Најнови вести

To top