Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во интервју за Алфа оцени дека електронското гласање ќе овозможи значително поголемо учество на дијаспората во изборниот процес. Според него, сегашниот начин на гласање преку дипломатско-конзуларните претставништва е голема пречка за иселениците, а новото законско решение би можело повеќекратно да го зголеми одѕивот на гласачите од дијаспората.