Спорт

Гостински победи на Шкендија и на Силекс во Конференциската лига на УЕФА

Вицепрвакот од Тетово ја декласира Европа од Гибралтар со 5:0, а освојувачот на Купот го совлада Динамо Минск со 1:0 во Бугарија

Македонските претставници Шкендија и Силекс со предност ќе ги дочекаат возвратните натпревари од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, откако тетовци славеа со 5:0 над Европа во Гибралтар, а кратовци го совладаа Динамо Минск со 1:0 формално како гости на неутралниот терен во бугарскиот град Стара Загора.

Шкендија, која во претходното издание на ова натпреварување ги помина групите и стигна до елиминациите, ја наполни мрежата на аутсајдерот, која два пати ја погоди Сенегалецот Фабрис Тамба во 52. и 75. минута, а по еднаш Габонецот Фахд Нѕенге во 28. минута, Косовецот Алмир Круезиу во 83. минута, како и Бесарт Ибраими две минути пред крајот.

Освојувачот на Купот, пак, триумфира над белорускиот вицепрвак со голот од пенал на напаѓачот од Босна и Херцеговина, Есмир Хасукиќ, во 42. минута.

И Шкендија, и Силекс, ќе бидат домаќини на реваншите во Скопје следниот четврток од 20 ч. – тетовските „црвено-црни“ на Националната арена „Тодор Проески“, а кратовци на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top