Свет

ТВ-репортерка од САД ја претстави Босна и Херцеговина како „две мали земји“?!

Известувачка од локална телевизија од Лос Анџелес се „прослави“ со елементарното незнаење за државата за која зборува

Стереотипот за скараноста на Американците со географијата го потврди репортерката Абигејл Велез од локалната телевизија Еј-Би-Си 7 од Лос Анџелес, која во најавата за натпреварот на САД со Босна и Херцеговина од првото елиминациско коло на Светското фудбалско првенство го претстави противникот како „две мали земји“.

„Американскиот тим ќе игра против овие две мали земји“, рече таа и кој знае дали воопшто некој ќе реагираше ако виедото не стана вирално, што предизвика лавина реакции што се сведуваа на вџашеност од елементарното непознавање од новинарката на државата за која известува.

Згора на тоа, во истото директно вклучување Велез призна дека не би знаела да покаже каде се наоѓа БиХ на картата на светот.

По негативните коментари, таа јавно се извини, нагласувајќи дека немала намера да ги навреди граѓаните на Босна и Херцеговина и оти ѝ е жал за своите непромислени изјави.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top