Натаму Никовскиистакнува: Приказни за мали деца. Секој што малку повеќе се разбира во тие работи, што ги следи тие работи, јасно му е дека дијаспората ако добие полесен пристап на изборите во огромен број ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е партија која единствено се интересира и се грижи за нив и поготово во оваа ситуација. Нашите луѓе во странство се поголеми патриоти од нас. Тие ги доживуваат сите овие наши болки, наши маки многу пострашно нас. Ние сме тука и со тоа живееме, а тие го чувствуваат тоа така што кога нешто им се одзема на Макеоднците тие го чувствуваат како ним да им се одзема лично нешто, до таму е тоа отидено. И во оваа ситуација кога овие сакаат да продадат и продадоа сѐ, претходната власт нанесе историски штети на оваа држава и на овој народ, а оваа нова власт е симбол на нешто друго. Во секој случај луѓето во странство сите тие наши маки и голготи многу потешко и подлабоко ги доживуваат и затоа имаат поистенчено чувство за кого да навиваат, за кого да гласаат затоа што гледаат кој се бори за ова наша македонска кауза, за овој македонски народ, а кој е спремен да голта кнедли, да витка грбник и да прифаќа сѐе што треба и што не треба.
Од контактите со дијаспората, Никовски пренесува дека владее огромно незадоволство од ова што СДС им го прави во моментот, ускратувајќи им го првото на глас во матичната земја. -Сите се крајно незадоволни, велат: „Ние сме дел од таа држава, дел од тоа општество“, и не само по потекло, мнозина од нив имаат тука и имот, куќи, станови, имаат и роднини, често доаѓаат овде. На крај, голем дел од повозрасните иселеници, ако не цело време, но поминуваат по 5-6-7 месеци овде, значи тие се поврзани со Македонија и тоа ним тешко им паѓа: Со ваквата политика на опозицијата таа поддршка кон сегашната владејачка партија ќе биде само поголема, така што тие го постигнуваат спротивниот ефект.
Со досегашното гласање, нагласува Никовски во „За или против“, губеше државата која имаше огромни издатоци за гласањето во странство, но и самите наши ислеленици кои мораа да минуваат и стотици километри само за да го остварат своето право на глас, чин кој ќе се поедностави со новиот, современ модел на електронско или гласање по пошта кои успешно и со години ги практикуваат многу земји во светот.