Хроника

Трагедија во Дебарско: Млад маж го загуби животот при сеча на дрва

Истрага на терен и наложена обдукција

Дваесет и осумгодишен жител на тетовското село Седларево почина вчера како последица на тешки повреди здобиени при несреќен случај при работа. Несреќата се случила во атарот на дебарското село Горно Мелничани додека младиот човек извршувал активности за сеча на дрва, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот во полициската станица во Дебар бил пријавен вчера во попладневните часови, поточно во 14:20 часот. По добиениот аларм, медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош веднаш се упатила на терен за да му укаже прва помош на повредениот М, објави 4news.mk Л. (28). Поради сериозноста на повредите, тој итно бил упатен кон специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

За жал, и покрај брзата реакција на медицинскиот тим, младиот маж им подлегнал на тешките повреди во текот на транспортот кон Охрид. При пристигнувањето во болницата, дежурниот лекар можел само да констатира смрт, за која било утврдено дека настанала без видливи траги на насилство.

На местото каде што се случила трагедијата веднаш излегле полициски тимови од ОВР Дебар за да го обезбедат просторот и да соберат првични докази.

Најнови вести од: Хроника

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

To top