Хроника

Тетовец среде бел ден се опил, па со нож се обидел да ограби казино

МВР

Полицијата во Тетово вчера уапсила 32-годишен маж кој среде бел ден, пијан и со нож, се обидел да изврши кражба во казино.

„На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело ‘разбојништво’, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По извршен алкотест, се додава во соопштението, било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Мајка цела ноќ ја барала исчезнатата ќерка (12): Била заклучена во автомобил во Сарај!

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Најнови вести

To top