Македонија

Во Гостивар се подготвува прогласување на епидемија

По стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца граѓани се хоспитализирани

На територијата на општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински.

Според неговите изјави, во комуникација со Центарот за јавно здравје од Тетово денеска ќе се донесе и официјалната одлука за пријавување на епидемијата, што ќе овозможи подобра комуникација и координација на сите надлежни институции во справувањето со кризата.

Министерството за здравство информираше дека во период од само едно деноноќие, во Општата болница во Гостивар се регистрирани дури 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани, потоа 140 прегледи на Педијатриското одделение и уште девет прегледи во Ургентниот центар.

По добивање на барање од Јавното обвинителство, стручните тимови на ИЈЗ веднаш излегле на терен за да земат примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи на водата од градскиот водовод. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење, од Институтот апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат препораките за превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода сè додека не се добие официјално известување дека таа е повторно безбедна за употреба.

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top