Хроника

Македонската полиција уапси 10 ,,лудаци” на македонските патишта

МВР приведе 10 возачи без возачка дозвола, меѓу нив и двајца малолетници зад воланот на „мерцедеси“

Во рамки на засилените сообраќајни контроли низ целата територија на земјава, полицијата лишила од слобода 10 лица кои управувале возила без возачка дозвола или без соодветна категорија.

Меѓу нив се и двајца малолетници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Двајцата малолетници се приведени во Скопје. Едниот е запрен на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани — и двајцата управувале автомобили мерцедес без да поседуваат возачка дозвола.

На улицата „Самоилова“ во Скопје, пак, е приведен и 36-годишен маж кој возел „фолксваген бора“ без дозвола.

Во Гостивар се лишени од слобода двајца мажи на 21 и 25 години од селата Мало Турчане и Добридол. Во двата случаи возилата им се одземени.

Во Прилеп е приведен 29-годишен жител на село Десово (општина Долнени) кој управувал „лада“ без возачка дозвола.

Во Гевгелиско се приведени тројца возачи — двајца со автомобили и еден мотоциклист, сите без дозвола. Во еден од случаите возилото е одземено.

Во Валандово е запрен 43-годишен маж кој управувал мотоцикл без соодветна категорија, при што мотоциклот исто така е одземен.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите против сите ќе поднесат пријави за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

Акцијата на полицијата е дел од тековните засилени контроли со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се спречи возењето без дозвола, особено кај малолетни лица.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

Најнови вести

To top