Регион

Премиерот Мицкоски во посета на Пустец

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе ја посети Општина Пустец, Албанија каде ќе се обрати на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

 

Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец со почеток во 18 часот. Ќе настапат фолклорни групи и културно-уметнички друштва од  Македонија и Мала Преспа, кои ќе ги претстават богатствата на македонското културно наследство.

Настанот се одржува под мотото „Единство, традиција и гордост на едно место“, а го организираат Општина Пустец, македонското друштво „Преспа“, и институции од Албанија и Македонија, со поддршка од Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.

Најнови вести од: Регион

Антонио Кошта во посета на Западен Балкан – утре во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски на 29 мај изјави дека очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање

To top