Македонија

Тошковски: Војската и полицијата не треба да обезбедуваат водоводи, туку институциите надлежни за овие системи

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, […]

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод, при што информира дека водата може да се користи како техничка, но не и за пиење, ниту пак за подготвување храна.

Тошковски, кој е и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека треба да се зајакне обезбедувањето на водоводот со почести полициски контроли или, пак, дури и со вклучување на Армијата, нешто што предложи опозицијата, рече дека војската според него не треба да се вклучува во обезбедување на водоводни системи, особено не во мирнодопски услови.

„Дали лично сметам дека војската треба да ги обезбедува водоводните системи? Не, не сметам. Тоа не е работа на Министерството за одбрана и не е работа на Армијата, барем не во мирнодопски услови. Така што секоја институција што е надлежна да се грижи за водоводните системи во рамките на општините е должна да ги преземе сите законски ингеренции утврдени со регулативата. Сметам дека, доколку секој си ја работи работата што му е утврдена со законските и подзаконските акти, не би требало да имаме вакви проблеми“, истакна Тошковски.

На опозицијата и препорача наместо да ја вжештува атмосферата кај граѓаните, да се фокусира на активности кои се за доброто на граѓаните.

„А на опозицијата би ѝ препорачал, наместо да ја зоврива атмосферата кај граѓаните, наместо да предизвикува хистерија и да се насочува кон уривање на сè што е видливо за граѓаните, а тоа е дека оваа Влада навистина прави максимум со она што го затекна, да се фокусира на доброто на граѓаните – но искрено, не со хистерија. Зошто? Затоа што дали на вонредни избори, дали на редовни, граѓаните се мудри, гледаат што се случува и ќе ги остават таму каде што се моментално уште многу години, ако продолжат вака. Тоа е еден добронамерен совет од мене до опозицијата“, рече Тошковски.

За зајакнување на полициско присуство, рече дека смета оти полицајците треба да се присутни на терен и се присутни, но дека нивна задача не е обезбедување на водоводните мрежи.

„Дали треба да бидат присутни на терен? Да, и се присутни. Дали полициските службеници треба да ги обезбедуваат водоводните мрежи низ државата? Не. Тоа е надлежност на други институции и тие се должни, повторно ќе кажам, да ги преземат своите законски надлежности и да постапуваат во рамките на регулативата што им е утврдена“, изјави министерот.

Тошковски истакна дека долг временски период наназад, ниту се вложувало, ниту се инвестирало, ниту оние што ги менаџирале институциите, не се посветиле на решавање на проблемите на граѓаните.

„Тоа е факт. Поради тоа сме во состојбата во која сме моментално. Но, факт е и дека секогаш ќе има предизвици пред нас и секогаш ќе треба да најдеме најсоодветен начин за да одговориме на највисоко професионално ниво на сите проблеми што ќе се појават“, изјави Тошковски.

Во врска со тоа дали истрагата се проширува на нови осомничени, Тошковски нагласи дека континуирано се работи во тој дел и се постапува по насоки на Обвинителството, а кога ќе има нови моменти, што може да ги соопшти во јавноста, тоа и ќе го стори.

Најнови вести од: Македонија

Архиепископот на МПЦ-ОА Стефан: Да го чуваме наследството на Свети Климент Охридски, за да се зачуваме и себе си како македонски народ

„Да ги чуваме наследството и споменот на Свети Климент Охридски, зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина.“ – порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија Стефан синоќа на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков.

Просветителот Свети Климент Охридски, основачот на Охридската книжевна школа – еден од столбовите на македонскиот идентитет и духовност

Македонската држава, православните верници насекаде низ светот, денес го одбележуваат денот на упокојувањето на македонскиот и словенски просветител Свети Климент Охридски. Тој починал на 27 јули 916 година во Охрид. Бил погребан во гробот, што самиот си го подготвил во манастирската црква „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Починал на речиси 80-годишна возраст по долги години просветителска, книжевна и архипастирска дејност. Свети Климент Охридски со своето дело станал духовен и верски светилник на македонскиот народ, но и на сето словенство. Неговата мисионерска, учителска и просветителска дејност во Охрид е продолжение на големото мисионерско дело на Светите македонски браќа Методиј и Кирил. Св. Климент творел врз духовните темели, поставени и осветени од нив како негови учители.

СВЕТОТ НА ДЛАНКА: Како преклопливите уреди на Samsung го трансформираат начинот на кој живееме и комуницираме

Утрото започнува со познатото сценарио што речиси сите го живееме: со едната рака се вари кафето, додека со другата се држи телефонот за да се видат првите утрински известувања.

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час, поради немање струја, случајот не е како во Гостивар

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој е раководител и на Главниот штаб за управување со кризи.

ДУИ си ги бара позициите од претходната власт, сега виновни му се од ВРЕДИ

ДУИ нема да гласа за закон што ја остава фер застапеноста на милост и немилост на методологиите што Владата ќе ги изготви пост фестум., Одбраната на Охридскиот договор и уставните гаранции не е блокада, туку политичка и национална одговорност“.

Македонските верници му оддадоа почит на СВ Архангел Гаврил

Во древното светилиште посветено на светиот архангел Гаврил, во месноста Манастирец во Долни Дримкол, кое е метох на Бигорскиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија по повод празникот Собор на светиот архангел Гаврил.

Најнови вести

To top