Македонија

Дојранско Езеро пак се полни со вода од хидросистемот „Ѓавато“

По пауза од шест месеци заради санација, цевководот одново го полни езерото, кое речиси го достигна договорениот минимум

По пауза од шест месеци, Дојранско Езеро од завчера повторно се полни со вода со помош на пумпите од хидросистемот „Ѓавато“ во Богданци, од кои во моментов се влеваат 200 литри во секунда.

За полнење на празниот цевковод биле потребни 20 часа, со оглед на долгиот период без вода во него, а по извршените проверки од утре ќе се пушта дополнително количество вода во езерото.

Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, моменталното ниво на езерото изнесува 145,26 метри надморска височина, а договорениот минимум е 146,13.

Најнови вести од: Македонија

To top