Македонија

„Дебело“ платила за да стане стоматолог

Во текот на претресите во домовите на професорот и претседателот на Комисијата, полицијата запленила 65.280 евра, 29.840 швајцарски франци и 161.500 денари

 

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против студентка, универзитетски професор и претседател на испитна комисија, под основано сомнени дека местеле испит на Стоматолошкиот факулет.

Според истрагата, 27-годишна студентка од Битола во декември минатата година му префрлила пари на 56-годишен професор од Стоматолошкиот факултет од Гостивар, кој воедно бил и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора.

Според МВР, целта била тој да влијае врз претседателот на Комисијата за полагање стручен испит при Министерството за здравство за таа да го положи испитот.

Полицијата тврди дека студентката на 17 декември 2025 година полагала пред Комисијата и добила уверение за положен стручен испит, иако, според сомневањата, не го поседувала потребното знаење.

Кривична пријава е поднесена и против 63-годишен скопјанец, кој бил претседател на Комисијата за полагање стручен испит на здравствени работници од областа на стоматологијата при Министерството за здравство. Тој е осомничен за примање поткуп.

Во текот на претресите во домовите на професорот и претседателот на Комисијата, полицијата запленила 65.280 евра, 29.840 швајцарски франци и 161.500 денари.

Случајот е доставен до Основното јавно обвинителство…

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top