Бизнис

Повеќе Бугари патуваат во Македонија отколку Македонци во Бугарија

Македонија во јуни била седма дестинација за бугарските државјани, а македонските десетти најбројни туристи кај источниот сосед

За 6,4 илјади бил поголем бројот на бугарски државјани што во јуни отпатувале во Македонија отколку на македонски во Бугарија во истиот период, покажуваат податоците на Националниот статистички институт во Софија.

Околу 33,9 илјади државјани на Бугарија минатиот месец ја посетиле Македонија, со што таа е седма дестинација за нив по бројот на посети, наспроти 27,5 илјади македонски граѓани што заминале кај источниот сосед, заземајќи го десеттото место меѓу сите туристи.

Најголем број патувања од страна на бугарските граѓани биле направени во: Турција – 249,7 илјади, Грција – 223,7 илјади, Романија – 94,8 илјади, Германија – 67,6 илјади, Србија – 62,4 илјади, Италија – 37,8 илјади, Македонија – 33,9 илјади, Австрија – 31,5 илјади, Шпанија – 26,5 илјади, Франција – 25,1 илјади.

Најмногу посети на Бугарија оствариле граѓани од: Романија – 246,6 илјади, Турција – 242,2 илјади, Германија 122,2 илјади, Грција – 110,0 илјади, Украина – 109,2 илјади, Полска – 104,5 илјади, Србија – 82,1 илјади, Чешка – 48,2 илјади, Обединето Кралство – 44,6 илјади, Република Северна Македонија – 27,5 илјади.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top