Бизнис

Прв состанок на Мешовитиот комитет за изградба на прекуграничниот железнички тунел со Бугарија

Проектот од Коридорот 8 е од стратешко и регионално значење, нагласи заменик-министерката за транспорт Зеколи-Шакири

Делегации од Бугарија и од Македонија го одржаа првиот состанок на Заедничкиот комитет според Договорот за подготовка, изградба и експлоатација на прекуграничен железнички тунел во Софија, со кој копретседаваа бугарската заменик-министерка за транспорт Цвета Тимева и нејзината македонска колешка Калтрина Зеколи Шаќири.

Заедничкиот комитет усвои Деловник за работа и прелиминарен индикативен распоред за подготовка и изградба на објектот. Планот за временски распоред на активностите е прикачен на официјално заедничко писмо со кое двете земји ја потврдуваат својата посветеност на Европската комисија и меѓународните финансиски институции, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, до Европската комисија и меѓународните финансиски институции, нивната посветеност за изградба на железничката врска. Делегациите, исто така, ги разгледаа можностите за финансирање на проектот.

„Изградбата на прекуграничниот железнички тунел е стратешки проект од регионално значење што ќе ги поврзе двете земји со железница и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стоки и патници“, изјави Зеколи-Шаќири. Таа нагласи дека проектот ќе придонесе и за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

„Под новата влада, Република Бугарија продолжува со својата долгорочна политика на активен развој и промоција на целосно завршување на сите компоненти на Коридорот 8. Имплементацијата на овој мултимодален транспортен коридор е од клучно значење за подобрување на транспортната поврзаност помеѓу Црното Море и Јадранското Море. Тој претставува природно продолжение на глобалните транспортни коридори помеѓу Европа и Азија“, изјави Тимева за време на состанокот.

Заедничката работа на комитетот ќе обезбеди проектот да се спроведе според европските стандарди за безбедност и поврзаност, претворајќи го регионот во природна раскрсница помеѓу Истокот и Западот.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

To top