Македонија

Го нарекувала циркузант но кога почнале пожарите побарала помош

Михаилов претходно стана познат како ,,Македонскиот Елиот Нес”, поради своите бескомпромисни пресметки со Шумската мафија која со години ја разнебитуваше Македонија

Струмичанка чие име не се открива го  нарекувала циркузант но кога почнале пожарите побарала помошмод него.

Ова го открива заменикот директор на Јавното претпријатие Македонски Шуми Кире Михајлов кој раскажува што се случило со жената која претходно го навредувала за потоа да побара помош токму од него.

Михаилов во постот открива дека армиските џипови Пинцгауери кои владата ги пренамени како противпожарни возила прават чуда при гаснењето на пожарите ширум Македонија.

Целиот пост на Михаилов кој претходно стана познат како ,,Македонскиот Елиот Нес”, поради своите бескомпромисни пресметки со Шумската мафија која со години ја разнебитуваше Македонија:

Една тетка во поодминати години, мој јубилеен следач, не ја знам ниту пак таа ме знае, освен што ја имам гледано на сликите на ФБ, честопати ми коментира напаѓајќи го целиот мој ангажман, а вчера во едно од моите видеа ме нарече дури и ЦИРКУЗАНТ!

НО, ЧУДО!!!

Вчера доцна попладне, на повикот за гасење на пожарот во Струмица кој од гробиштата беше веќе навлезен во Софилар, јас веднаш од планината Готен со неколку пинцгауери дадовме приоритет на тој пожар и стигнавме на влезот на Софилар покрај новите згради.

На влезот после мостот имаше толпа луѓе, а МВР со првите пинцгауери не упати по една од улиците каде се издигаше многу густ црн чад.

Потаму по патот, имаше пак луѓе кои набљудуваа, шоферот на пинцот застана, а јас излегов да прашам по која улица да фатиме и каде е најризично и има оган да гасиме.

И ете го чудото, тетката која пред неколку часа ме нарече циркузант одеднаш се појави пред “циркузантот”, ме фати под мишка за едната рака и гледајќи ме во очи, ми вели: Кире, те молам, одете тука, по оваа улица одете, имаме и ние таму имот.

Во целиот хаос не ја разбрав дали кажа куќа, викендица или нешто друго, но, знам дека и кажав дека не треба да ме моли, да не се секира и да биде сигурна дека ќе направиме секаде и се што можеме.

Отидовме и направивме се што можеме.

На овој пожар во Софилар, освен што видов дека пинцгауерите ќе бидат чудо за гасење и на вакви пожари, видов и уште една работа,

ВИДОВ ГОЛЕМ И НЕСКРИЕН СРАМ ВО ОЧИТЕ НА ТЕТКАТА, НО, НЕ ИСКОМЕНТИРАВМЕ НИШТО, НИТУ ЈАС, НИТУ ТАА И СЕКОЈ СИ ПРОДОЛЖИ ПО СВОЈОТ ПАТ … !!!

Толку е постот!

Ви благодарам на вниманието!

Одам да бидам рамо до рамо со сите оние кои жртвувајќи ги своите животи се борат со огнените јазици од пожарите кои некои координирано ни ги палат во МАКЕДОНИЈА!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top