Сервисот на третиот ер трактор кој беше оштетен во невремето во Скопје, денеска успешно е завршен, информираше Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за спасување и заштита.
Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален.
„Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС.
Директорот Стојанче Ангелов упати честитка за големиот македонски празник Илинден со апел за одговорно однесување:
Почитувани граѓани!
Со векови траела борбата на македонскиот народ за независна и слободна држава.
Денес, кога ја имаме – да не дозволиме да изгори!
Однесувајте се одговорно! Внимавајте да не предизвикате пожар!
Честит и вековит Илинден!- порача Ангелов.