Ангелов ги повика граѓаните да продолжат да се воздржуваат од користење на водата за пиење и подготовка на храна, додавајќи дека се очекува состојбата целосно да биде ставена под контрола во текот на наредната седмица.
„Водата во Гостивар сè уште не е за пиење. Состојбата се подобрува, но во водата и натаму се присутни бактерии. ги повикувам граѓаните да не ја користат за пиење и готвење. Очекуваме наредната седмица состојбата целосно да биде ставена под контрола.“ – нагласи Ангелов.
Тој појасни дека во водата е утврдено присуство на бактеријата „Pseudomonas aeruginosa“, поради што е микробиолошки неисправна и небезбедна за пиење, особено за лица со ослабена отпорност.
Како што посочи Стојанче Ангелов, оваа бактерија може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, а кај чувствителни лица и инфекции на мочниот пат и белите дробови. Тој укажа дека бактеријата е позната и по високата отпорност на голем број вообичаени антибиотици.