Македонија

Митрополит Григориј: ЕУ ѝ дозволува да Бугарија злосторнички да се меша во уставот, за да ги бугаризира Македонците и да се прекројат границите на Македонија!

„Божествен пророче и небесен човеку Илија, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и милост голема на душите наши! ЕУ ја штити Бугарија. ЕУ ѝ допушти на Бугарија на македонскиот народ да му испрати бранови на смрт, наместо бранови на живот. На Бугарија ѝ се дозволува да изврши етноцид – геноцид врз македонскиот народ.“ – нагласува, покрај другото Григориј, митрополитот Кумановско-осоговски на Макеодонската православна црква – Охридска архиепископија, во своето слово по повод државниот празник Илинден и црковно-народниот празник Свети Илија.

Натаму митрополитот Григориј истакнува: Бугарија сака да ги корегира историските факти за постоењето македонски народ. Таа ги крши основните човекови слободи и права на македонскиот народ и извршува злосторство врз него. Империјалистичката стремеж на Бугарија за менување на идентитетот и за бугаризација на Македонците, е политика на неправда и таа веќе раѓа катастрофи и војни, засега само зборовни и дипломатски меѓу двата народа.

Кога ЕУ ѝ дозволува на Бугарија да интервенира во уставот и законите на Македонија, тоа е насилно и нелегално мешање во внатрешните работи, во законодавниот и политичкиот систем на суверена држава. ЕУ со својата политика кон Македонија постојано ја прикажува како ничија земја. Ова е поттик на странските сили да ја анектираат; да создаваат долгорочна можност за прекројување на границите.

Законските измени што Бугарија ги бара ќе создадат уништување и постепено менување на свеста на Македонците, дека е таа бугарска свест. ЕУ ги принудува Mакедонците да ги убиваат своите претци во минатото и своите потомци во минатото.

За многу години празникот на Свети пророк Илија! За многу години Републиката, сопственоста на народот Македонски! За многу години опстојот на Македонија! Честити и вековити двата Илиндена! – порачува митрополитот Григориј во своето илинденско слово.

 

Митрополит Кумановско–осоговски на МПЦ – ОА Григориј (Литургија.мк)

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top