Македонија

Мицкоски: Нашата цел е секој со гордост да каже: „Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина“

Премиерот со партиска делегација вечерва во Ново Село на настан во организација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Нашата борба е Македонија да биде земја во која младите ќе остануваат, а оние што заминале ќе имаат причина повторно да се вратат дома“, порача премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Ново Село.

„Да ги оживееме селата, да ги зајакнеме локалните заедници и да создадеме услови за достоинствен живот во секое населено место. Како Влада, остануваме посветени на политики што носат нови инвестиции, подобра инфраструктура, работни места и развој на секој крај од државата. Нашата цел е едноставна, секој човек да може со гордост да каже: ‘Ова е мојот дом и тука ја гледам својата иднина’. Благодарам на жителите и повратниците од Ново Село за топлиот пречек, искрените разговори и довербата. Заедно продолжуваме да градиме посилни општини и посилна Македонија“, рече претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top