Македонија

Да не ја заборавиме крвта на нашите предци што е пролеана за Македонија – Последната порака на Душко пред смртта

Крвта на загинатите Македонци содржана во последната порака пред смртта на младиот бизнисмен

Денес е точно една година од последното збогување со нашиот син, брат, вујко, другар, пријател, соработник и менаџер, но пред сè – човек со срце отворено кон сите, објавија блиските на трагично загинатиот бизнисмен Душко Чифлиганец.

,,Велат дека времето лекува сè. Но кај нас, со секој изминат ден, сè посилно се чувствува физичкото отсуство на Душко. Тој и понатаму е дел од нашето секојдневие – во разговорите, во одлуките што ги носиме, во вредностите што ни ги остави и во секој проект што го продолжува неговиот начин на размислување.

Душко на секој предизвик му пристапуваше со посветеност, визија и желба секогаш да се пронајде подобро решение. Не прифаќаше нешто да биде само „доволно добро“. Веруваше дека квалитетот не е избор, туку одговорност.

Зад Flatiron by Adora, Diamond Garden by Adora, 21 Century Zlatibor, Ivory by Adora и Prime Capital by Adora, како и зад многу нови идеи за развојот на Адора, останува неговиот препознатлив печат. Но неговото најголемо наследство се луѓето што ги мотивираше и инспирираше да размислуваат пошироко и никогаш да не се задоволуваат со просечното.

Душко не беше само потпретседател на компанијата. Беше човек, другар и личност што умееше да ги обедини луѓето околу себе. Ги сакаше животот, спортот, пријателите и семејството. Живееше со полни гради, искрено и со големо срце.

Сакаме да им се заблагодариме на сите пријатели за утешните зборови по најголемата можна загуба во животот на човекот. Им благодариме и на верниците на кои храмот Св. Јован Крстител – Општина Аеродром им е исто така дом за утеха и на сите што беа со нас, што ни упатија зборови на сочувство и што со својата човечност ни дадоа сила да ја носиме болката и да останеме на нозе”, се вели во пораката во која се додаава:

,,За семејството Чифлиганец, 2 Август со генерации беше светол национален и верски празник. Судбината сакаше токму на тој ден нашето сонце да зајде”.

Последната порака што Душко им ја испратил на своите родители, само еден час пред трагичниот настан, гласела:
„Да не ја заборавиме крвта на нашите предци што е пролеана за Македонија.“ Тој ден Душко ја претставуваше Македонија под нејзиното знаме.

,,Денес живееме за аманетот и за нереализираните идеи што ни ги остави. Како семејство и како Адора Бизнис Групација, ќе направиме сè што е во наша моќ неговите идеи, проекти и визии да станат реалност.

Иако физички повеќе не е меѓу нас, неговата визија продолжува да нè води, неговите вредности да нè обврзуваат, а споменот за него да живее во секој успех, секоја нова идеја и секој чекор напред.

Душко останува нашата најсилна ѕвезда, чија светлина засекогаш ќе нè води”, пишува во пораката од семејството Чифлиганец, Ванчо, Данка, Евангелина, Драгана, Рашо и внуците Јован, Бранко, Дане и вработените во Адора Бизнис Групација.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Предавниците, кои тајно преговараа, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност!

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Муцунски: Идејата за уставни измени стана политички токсична, бидејќи се направија премногу отстапки!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски порача дека Македонија заслужува предвидлив и доверлив пат кон полноправното членство во Европската Унија, оценувајќи дека граѓаните се уморни од постојаното „поместување на стативите на голот“. Оваа изјава тој ја даде за денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“. Притоа Муцунски истакна дека „идејата за уставни измени станала политички токсична“, поради, како што истакна, „премногуте направени отстапки“, а од друга страна и сомнежот дека Бугарија ќе поставува нови барања во иднина.

Најнови вести

To top