Македонија

Лични интереси на бизнисмени причина за откажување на традиционалната ,,Зелкаријада”

Организаторите соопштија дека манифестацијата нема да се одржи поради несогласувања околу организацијата

Традиционалната манифестација „Зелкаријада“ во делчевското село Тработивиште, оваа година нема да се одржи.

Одлуката ја соопштија организаторите на настанот преку официјално соопштение до јавноста.

Како причина за откажувањето, организаторите ги наведуваат, како што велат, постапки на поединци стопанственици од селото кои, според нив, го ставиле личниот интерес пред манифестацијата.

„Во такви услови не можеме да организираме настан кој треба да биде симбол на заедништво, традиција и промоција на нашето село“, се вели во соопштението.

Од организацискиот одбор додаваат дека им отстапуваат место на тие што сакаат да го организираат настанот, а упатија благодарност до сите кои со години ја поддржувале „Зелкаријада“.

Истовремено информираат дека зготвената зелка, која е донација од ресторан „Монополо“, ќе биде поделена во селото во близина на меана „Мерак“ (Крилце).

Организаторите изразија надеж дека во иднина ќе се создадат подобри услови за повторно одржување на манифестацијата во интерес на целото село и посетителите.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top