Спорт

Македонија во топ-10 на ЕП во ракомет за кадети

Костов во последните секунди погоди за победа од 26:25 над Португалија, в недела за деветтото место против Израел

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија в недела од 12 часот ќе игра со Израел за деветтото место на Европското првенство во Србија, откако во драматичен натпревар денеска ја совлада Португалија со 26:25.

Херој во црвено-жолтиот табор беше Трајче Костов, кој го постигна победничкиот гол неколку секунди до крајот и го заврши мечот со реализација 5/6, а поефикасен од него во македонскиот тим беше само Горазд Дамчевски со 7/11.

По трите порази во исклучително тешката група со Франција, Шведска и Словенија, ова е четврта победа во низа за македонските ракометни надежи, кои во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место претходно ги совладаа Италија, Турција и Фарски Острови.

Последниот противник на селекцијата на Македонија до 18 години на ова ЕП, Израел, ја декласира Австрија со 31:22.

 

Најнови вести од: Спорт

To top