Свет

Стотици рабини повикаа Израел да престане со изгладнување на Палестинците

Обвинуваат за „користење на гладот како оружје“ во Газа и ги повикаа израелските власти да дозволат хуманитарна помош да стигне до енклавата

Рабини и еврејски научници од Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, ЕУ и Израел потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека „еврејскиот народ се соочува со сериозна морална криза“, објави Тајмс оф Израел.

„Ограничувањата за хуманитарен пристап до Газа и политиката на негирање на храна, вода и медицински материјали за цивилното население во потреба се спротивни на фундаменталните вредности на јудаизмот како што ги разбираме“, се вели во писмото.

Потписниците додават дека „се длабоко посветени на благосостојбата на Израел и на еврејскиот народ“, но „не можат да молчат“ пред лицето на растечкиот број на смртни случаи во Газа и растечката неухранетост.

Рабините го повикаа Израел да дозволи „обемна хуманитарна помош“, а воедно да спречи нејзино пренасочување кон Хамас, и побараа од израелските власти „веднаш, со сите расположиви средства, да ги вратат сите заложници и да го прекинат конфликтот“.

Писмото, објавено во петок,надминало 1.000 потписи.

Британскиот рабин Џонатан Витенберг изјави за „Џуиш кроникл“ дека води кампања за пробивање на „бездуховната рамнодушност кон гладот“ и апелира до „моралниот статус не само на Израел, туку и на самиот јудаизам“.

Најнови вести од: Свет

Путин предупредува: САД распоредуваат стратешко нуклеарно оружје ширум светот

Рускиот претседател Владимир Путин се осврна на глобалното наоружување, истакнувајќи дека модерното стратешко нуклеарно оружје е посилно од бомбите што САД ги фрлија на Хирошима и Нагасаки.

To top